• понеделник, 16 декември 2024

Шведското знаме е спуштено на половина копје во седиштето на ФИФА во чест на жртвите од пукањето во Белгија

Шведското знаме е спуштено на половина копје во седиштето на ФИФА во чест на жртвите од пукањето во Белгија

Цирих, 17 октомври 2023 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го спушти шведското знаме во седиштето на организацијата во Цирих, соопшти прес-службата на организацијата.

На 16 октомври, во близина на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел, каде што се играше квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2024 меѓу Белгија и Шведска, беа убиени двајца навивачи облечени во дресови на шведската репрезентација. Од безбедносни причини натпреварот беше прекинат по првото полувреме. Околу 35 илјади луѓе кои дојдоа на натпреварот меѓу репрезентациите на Шведска и Белгија чекаа четири часа на евакуација на стадионот по инцидентот.

На 17 октомври се дозна дека во Белгија бил неутрализиран маж кој можеби е вмешан во убиство на шведски навивачи. При апсењето, осомничениот беше ранет во градниот кош, а од здобиените рани почина во болница.

Претходно, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изрази сочувство до семејствата на жртвите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан