• сабота, 23 ноември 2024

Шведски фудбалер обвинет за местење натпревари

Шведски фудбалер обвинет за местење натпревари
Стокхолм, 2 декември 2020 (МИА) - Шведското Обвинителство подигна обвинение против четири лица, вклучувајќи двајца фудбалери, поради вмешаност во местење натпревари.  Како што јавија локалните медиуми, меѓу обвинетите е поранешниот фудбалер на шведскиот прволигаш Елфсборг, Павел Цибискикако и уште еден играч од пониските лиги.  Цибиски се товари дека примил поткуп во износ од 30.000 евра во замена намерно да добие жолт картон на натпреварот од шведското првенство против Калмар во мај 2019.  На Цибиски, кој во минатото настапуваше за шведската репрезентација до 21 година, ќе му се суди за „пасивно подмитување“ и „кршење на законот за игри на среќа“.   Доколку бидат прогласен за виновен му се заканува казна затвор од две години. ег/зс/

Остани поврзан