• вторник, 24 декември 2024

Шведски Апелациски суд ја потврди пресудата против финансиер на Курдската работничка партија

Шведски Апелациски суд ја потврди пресудата против финансиер на Курдската работничка партија

Стокхолм, 20 септември 2023 (МИА) - Шведски Апелационен суд денеска ја потврди пресудата за еден турски Курд, кој се обидел да ја финансира забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК). 

Британските медиуми наведуваат дека токму оваа пресуда може да има позитивно влијание врз одлуката на Турција да ја ратификува пријавата на Шведска за членство во НАТО.

Официјална Анкара ја обвинува Шведска дека им дава засолниште и крие членови на оваа милитантна курдска група на нејзина територија и го повторува своето барање до шведските власти да се справат со ПКК пред Шведска да влезе во НАТО.

ПКК, која Европската унија, САД и Турција ја сметаат за терористичка група, во 1984 година почна вооружени акции против турската држава.

Понизок суд во Шведска во јули го осуди Јахју Гунгор на четири години и шест месеци затвор, а потоа и донесе одлука за негова депортација зараду нелегално поседување оружје, обид за изнуда и обид за финансирање тероризам. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан