• петок, 15 ноември 2024

Шведска ја осуди акцијата на поддржувачите на ПКК во Стокхолм

Шведска ја осуди акцијата на поддржувачите на ПКК во Стокхолм
Стокхолм, 17 јуни 2022 (МИА) - Шведското Министерство за надворешни работи објави дека се преземени мерки во врска со фотографиите на Абдула Оџалан, шефот на терористичката организација ЈПГ/ПКК, проектирани на згради, како и сликите на организацијата, кои се раширени во публикациите на социјалните мрежи. „Социјалните мрежи шират пораки и слики за кои веруваме дека се изманипулирани, и во кои се тврди дека Шведска ја поддржува ПКК“, се вели во соопштението на Министерството. Преземени се соодветни мерки“. Се посочува дека случајот може да и нанесе голема штета на земјата: „Ова е очигледно насочена и злонамерна кампања на влијание за да се спречи Шведска да се приклучи на НАТО. Шведска јасно ја осуди ПКК како терористичка организација и ги осудува сите форми на тероризам. Министерката за надворешни работи Ен Линде никогаш не изрази поддршка за ПКК и категорично го отфрла манипулираното видео и ПКК“.

Профили на социјалните мрежи на терористичката организација ЈПГ/ПКК, поврзани со Шведска, споделија фотографии од проектирањето на симболите на терористичката организација на историското градско собрание и на таванот на арената Глобен Авичи во главниот град Стокхолм. ссм/

Остани поврзан