• понеделник, 23 декември 2024

Шведска одвојува 385 милиони круни за обновување на засолништата и за цивилната одбрана

Шведска одвојува 385 милиони круни за обновување на засолништата и за цивилната одбрана

Стокхолм, 11 април 2024 (МИА) - Шведската Влада денеска соопшти дека ќе одвои 385 милиони круни (36 милиони долари) за зајакнување на своите засолништата од бомби, службите за итни случаи и цивилната одбрана, откако беше издадено предупредување дека земјата треба да биде подготвена за војна.

Министерот за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин рече дека Шведска, која се приклучи на НАТО минатиот месец, ќе ги искористи средствата за зајакнување на способноста на спасувачките служби да функционираат за време на конфликти, потоа за зајакнување на сајбер безбедноста и помош на здравствениот систем во правењето залихи на лекови.

Парите исто така ќе бидат наменети за обновување на засолништата, залихите со вода за пиење и транспортна инфраструктура.

„Безбедноста долго време се влошува“, изјави Болин за новинарите. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан