• вторник, 24 декември 2024

Шведска нарача над 300 оклопни транспортери од финската „Патриа“

Шведска нарача над 300 оклопни транспортери од финската „Патриа“

Стокхолм, 20 март 2024 (МИА)  - Шведска нарача 321 оклопно теренско возило од нордиската компанија „Патриа ленд“, соопшти денеска Управата за одбранбен материјал на земјата.

„Патриа ленд“ е 50,1 отсто во сопственост на финската држава, а 49,9 отсто од компанијата припаѓа на норвешкиот снабдувач на одбранбени и вселенски системи и производи „Конгсберг Групен“.

Портпаролот на шведската Управа за одбранбени материјали рече дека испораките во Стокхолм ќе започнат оваа година и ќе продолжат до крајот на 2030 година, а испораката на возила на шведските вооружени сили од агенцијата ќе започне во 2025 година.

Шведска и Финска неодамна се приклучија на НАТО, станувајќи 31. и 32. членка на Алијансата. паг/

Фото: Википедија

Остани поврзан