• среда, 27 ноември 2024

Швајцарската велосипедистка Фурер почина по несреќата на СП

Швајцарската велосипедистка Фурер почина по несреќата на СП

 

Цирих, 27 септември 2024 (МИА) – Младата швајцарска велосипедистка Муриел Фурер (18) почина денеска во болница во Цирих, ден откако доживеа тежок пад на јуниорското Светското првенство во Цирих, соопштија од Меѓународната велосипедска федерација.

Фурер вчера беше итно пренесена во болница со сериозна повреда на главата и во „многу критична“ состојба.

„Муриел Фурер почина денеска во Универзитетската болница во Цирих“, се вели во соопштението во кое се додава дека е отворена истрага бидејќи било потребно време за да се пронајде повредената спортистка.

Точното место на несреќата не е прецизирано, но локалните медиуми јавуваат дека таа паднала на шумска патека во близина на езеро во Цирих и оти додека се возела трката врнело дожд. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан