• среда, 27 ноември 2024

Шварценегер загуби спонзор поради навреда на невакцинираните Американци

Шварценегер загуби спонзор поради навреда на невакцинираните Американци
Лос Анџелес, 26 август 2021 (МИА) - Критиката на Арнолд Шварценегер кон противниците на носењето маски го чинеше загуба на голем корпоративен спонзор на претстојниот натпревар во бодибилдинг - „Арнолд класик“. Настанот е закажан за следниот месец, во Охајо (САД). Глумецот и поранешен гувернер на Калифорнија претходно зборуваше за сериозноста на пандемијата во интервју за Си-Ен-Ен па луѓето што одбиваат да носат маски ги нарече глупави. Тој, притоа, додаде: „По ѓаволите со вашата слобода“. Компанијата за спортска опрема, „Редкон 1“ кусо потоа објави дека веќе нема да го спонзорира натпреварот за бодибилдинг на Шварценегер поради „опасните и антиамерикански“ забелешки на глумецот. „Со голема тага објавуваме дека ’Редкон 1‘ одлучи да ја прекине секоја поддршка за ’Арнолд класик‘ и други настани поврзани со Арнолд низ целиот свет“, напиша основачот на фирмата, Арон Сингерман, на Инстаграм. „Редкон 1“ го спонзорираше „Арнолд класик“ речиси десет години, Сингерман рече дека неговата компанија е „патриотски бренд“ што поддржува „слобода на избор“. - Секој што вели ’По ѓаволите со вашата слобода‘ - не е американски патриот!, нагласи Сингерман.  си/сд/

Остани поврзан