• среда, 27 ноември 2024

Шаќири: Со реформите во образованието ги учиме децата на толеранција за да не се повторат историските грешки од минатото

Шаќири: Со реформите во образованието ги учиме децата на толеранција за да не се повторат историските грешки од минатото
8 ноември 2022 Никогаш не смееме да ги заборавиме историските настани како прогонот на Евреите, треба да ги одбележуваме и постојано да потсетуваме на нив, со единствена цел да научиме како да постапуваме, за во иднина да не се повтори минатото, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на Комеморативна седница по повод Кристалната ноќ, која во 1938 година го означи почетокот на погромот на Евреите во Европа. Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје веќе шеста година го одбележува овој настан, а годинава и во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Правниот факултет од Тетовскиот универзитет. „Треба да создаваме образовани млади генерации, образовани и од семејството и од училиштето и од средината во која живеат. Нови генерации без чувство на омраза, туку со почит, хуманост и соживот како цивилизациски вредности“, нагласи министерот Шаќири, додавајќи дека со реформите што ги правиме во сферата на образованието, посебен акцент се става на интеграцијта и интеркултурализмот, кои промовираат толеранција без оглед на расните, верските или етничките разлики, стимулирајќи поголема блискост меѓу различните заедници кои живеат во нашата земја. Подобрувањето на меѓуетничката интеграција во образованието создава и подобра социјалната кохезија во општеството. Со новите наставни програми антисемитизмот се изучува како тема во повеќе одделенија и истовремено е содржина на воннаставни активности. Се ова има за цел да се сензибилира прашањето за Холокаустот, за никогаш повеќе да не се повтори, наведе министерот Шаќири. „Училиштето е вистинското место каде уште од најрана возраст децата можат да се научат на позитивни вредности, за да се развијат во личности со хумани карактеристики. Како министер за образование и наука, се залагам за континуирано елиминирање на омразата и дискриминацијата во образовниот процес“, рече министерот за образование и наука Шаќири.   Министерство за образование и наука  ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан