• среда, 27 ноември 2024

Шаќири: Отворен сум за соработка и разговор со сите синдикати во образованието

Шаќири: Отворен сум за соработка и разговор со сите синдикати во образованието
Скопје, 4 јуни 2022 (МИА) - Министерот за образование Јетон Шаќири вели дека е отворен за соработка и разговори со сите синдикати, вклучително со оној на УКИМ, кој пред два дена одржа мирен протест со барање за потпишување на Колективниот договор и зголемување на платите. Но, потенцира дека со ребалансот на буџетот веќе се предвидени повисоки плати од септември. Притоа, тој најави и дека ќе се разгледуваат модели за дополнителни можности за финансирање на сите универзитети.  -Јас и во една друга прилика кажав дека сум отворен со репрезентативниот синдикат, па и со другите синдикати да ги разгледаме сите барања. Професорите од универзитетите, од најголемиот универзитет УКИМ, во четвртокот го ирзија своето незадоволство од малите плати, но, исто така, тие прифатија дека да, во Буџетот се предвидени зголемувања почнувајќи од месец септември, рече Шаќири. Тој додаде дека сите синдикати во наредниот период се добредојдени во МОН да се разговара за барањата и да се најдат решенија. -Јас сум бил присутен и на три состаноци на интеруниверзитетска конференција и на тие три состаноци се отворени овие прашања, каде што беа присутни сите ректори од сите универзитети.  Па, исто така, и тоа што со Националниот совет за високо образование, имаме најавено дека ќе го разгледуваме Законот за високо образование, една од причините е и делот на финансирање или буџетирање или модел на финансирање на високообразовните институции, рече министерот за образование и наука во одговор на новинарско прашање при посетата на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“.   Тој вели дека со Националниот совет за високо образование ќе формираат работна група која ќе го работи новиот законот за високо образование, а ќе бидат вклучении претставници од Националниот совет, ректорите од интеруниверзитетската конференција од јавните универзитети,  студентите од Студентската унија, претставници од страната на МОН и претставници од Агенцијата за квалитет на високо образование, и ќе утврди каде и како треба да се даде придонес за буџетирање или начин на финансирање на универзитетите.  -Имаат различни начини во различни земји, ќе го разгледаме најдобриот модел. На пример, имав прилика во делот на преговорите со министерот за образование од Бугарија да се запознаам и со начинот на финасирање таму.  Освен што имаат основна плата, иста плата за сите унвиерзитети, има модел на финанисрање колку повеќе истражуваат професорите толку повеќе ќе добиваат од тој Фонд на истражување и може да постигнат што е можно повеќе плати во делот на објавените трудови итн, рече министерот за образование. сст/дма/    

Остани поврзан