Шаќири единствениот фудбалер кој постигнал гол на последните шест ЕП и Мундијали
- Џердан Шаќири постигна гол на шестиот голем меѓународен турнир по ред.

Берлин, 20 јуни 2024 (МИА) - Џердан Шаќири постигна гол на шестиот голем меѓународен турнир по ред.
Швајцарскиот фудбалер од средниот ред и член на Чикаго Фајр, го израмни резултатот во 26. минута на синоќешниот натпревар на Европското првенство 2024 против Шкотска (1:1).
Шаќири постигна гол на секое од последните шест Светски и Европски првенства - почнувајќи од 2014 година.
Тој е единствениот играч кој успеал да се запише во листата на стрелците на шест последователни големи натпреварувања. зс/
Фото: ЕПА