• сабота, 23 ноември 2024

Шаќири: Во следната учебна година ќе се формираат нови дуални паралелки

Шаќири: Во следната учебна година ќе се формираат нови дуални паралелки
Битола, 2 март 2022 (МИА) - Со караванот „Дијалог за унапредување на средното стручно образование“ под мотото „Учи паметно, работи стручно“ очекуваме да ги утврдиме дефицитарните струки, а веќе во следната учебна година да се формираат нови дуални паралелки, информира денеска во Битола министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Според министерот Шаќири, дијалогот е важен за учениците, но и за локалната самоуправа бидејќи на тој начин се креираат квалитетни уписни политики. - Убеден сум дека средбата во Битола ќе резултира со креирање квалитетни уписни политики во средното стручно образование за новата учебна година. Со овој дијалог што го водевме минатата година беа отворени пет дуални паралелки, од нив три во Битола и по една во Демир Хисар и Ресен, и тоа е за поздравување за почетокот на овој проект. Дијалогот е од исклучтелна важност не само за учениците и локалната самоуправа, туку и за целокупниот раст и развој на нашата држава, бидејќи со овој процес ја обезбедуваме потребната работна сила која е дефицитарна во земјата и која е еден од поважните фактори за напредок, нагласи Шаќири. Гостувањето на караванот на Министерството за образование и наука во Битола го поздрави градоначалникот Тони Коњановски. -Ја поздравувам иницијативата на МОН кое овозможува заеднички да разговараме за предизвиците со кои се соочува средното стручно образование, како и за потребите на пазарот на трудот. Во Битола, во досегашниот период евидентна била неусогласеноста на побарувањата на бизнис секторот со расположливите стручни профили кои доаѓаат од средното образование и затоа верувам дека со спроведените анализи ќе се постигне саканата цел за идентификување на потребите на компаниите и подготовка на соодветни наставни програми за следната учебна година кои ќе придонесат за зголемување на вработеноста кај младите, посочи градоначалникот Коњановски. На средбата во Битола, претставничката на Стопанската комора на Северна Македонија, Наташа Јаневска нагласи дека СКСМ врз основа на анализите за потребите на компаниите од работна сила, осознале дека 62 проценти од компаниите имаат недостиг од стручен кадар за своите потреби и затоа е потребно заедничко работење во интерес на државата. мт/цр  

Остани поврзан