Шајнбаум: Зголемен број репатријации на мексикански граѓани од САД во последните две недели
- Шајнбаум на прес-конференција во Мексико Сити изјави дека САД депортирале 37.471 Мексиканци и 5.511 мигранти од други националности во Мексико откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари, пренесоа британските медиуми.
Мексико Сити, 9 мај 2025 (МИА) - Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум денеска изјави дека репатријациите на мексиканските граѓани од САД се зголемиле во последните две недели.
Шајнбаум на прес-конференција во Мексико Сити изјави дека САД депортирале 37.471 Мексиканци и 5.511 мигранти од други националности во Мексико откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари, пренесоа британските медиуми.
Администрацијата на Трамп ги охрабрува нелегалните мигранти со по 1.000 долари да се самодепортираат.
Според неа, Мексиканците и граѓаните на други земји биле враќани во Мексико од САД најчесто со авион.
Шајнбаум истакна дека репатријациите на мексиканските граѓани се одвивале главно преку аеродромите во јужните градови Виљахермоса и Тапачула, како и преку аеродромот „Фелипе Анџелес“ во близина на Мексико Сити.сд/
фото:ЕПА