• среда, 25 декември 2024

Шахтјор ги евакуираше своите Бразилци од Украина

Шахтјор ги евакуираше своите Бразилци од Украина
Доњецк, 1 март 2022 (МИА) – Украинскиот прволигаш Шахтјор од Доњецк ги евакуираше своите бразилски фудбалери во соседна Романија, по воената интервенција на Русија, јави денеска британскиот сервис Би-Би-Си. Евакуацијата на вкупно 12 бразилски фудбалери од редовите на Шахтјор е реализирана во координација со УЕФА. Клубот од Доњецк соопшти дека и Динамо Киев и Дњепар успеале да ги преместат своите интернационалци на безбедно место, надвор од Украина. - Сакаме да им се заблагодариме на помошта на сите кои учествуваа во овој процес. Евакуацијата на играчите беше овозможена со лична помош од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андриј Павелко и претседателот на Фудбалската федерација на Молдавија, Леонид Олејниченко, соопшти Шахтјор. Украинското фудбалско првенство минатиот викенд требаше да продолжи по зимската пауза, но тоа беше одложено поради воените дејствија во земјата. ег/паг/

Остани поврзан