Шахпаска ќе посети семејство во Демир Хисар, корисник на услугата нега и грижа во домот
- Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски денеска ќе извршат увид во имплементацијата на социјалната услуга – нег

Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски денеска ќе извршат увид во имплементацијата на социјалната услуга – нега и грижа во домот.
Оваа услуга е дел од социјалната реформа што ја спроведува Владата, во соработка со општините.
Како што е најавено, Шахпаска и Стојановски ќе извршат увид во домот на семејство од општина Демир Хисар, корисник на услугата нега и грижа во домот.
Носител на лиценцата за оваа социјална услуга е Црвениот крст на Демир Хисар. мд/цр/