Шапиќ го решава проблемот со обложувалници близу училишта во Белград
- Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ денеска соопшти дека започнал да го решава проблемот со обложувалниците што се наоѓаат премногу близу до училишта во градот, за што укажа Партијат
Белград, 25 август 2022 (МИА) - Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ денеска соопшти дека започнал да го решава проблемот со обложувалниците што се наоѓаат премногу близу до училишта во градот, за што укажа Партијата на слободата и правдата и достави список, јави Бета.
- Пред десет години токму јас работев на тоа, иако тогаш никој не беше подготвен да ја прифати таа работа. Затоа го прифатив предлогот на опозицијата да испратиме барање до сите училишта и да добиеме список со обложувалници што спротивно на законот, се наоѓаат поблизу до училишта, отколку што е предвидено. Се надевам дека, како што беше и пред десет години, ќе се затворат сите обложувалници што се наоѓаат на непрописна оддалеченост од училишта, подвлече Шапиќ, пренесе Беоинфо.
Како што тој додаде, на тој начин се покажува оти можно е да се соработува и дека секој добар предлог го прифаќаат и брзо го реализираат.
- Грижата за младите генерации, нивното правилно воспитување и безбедно пораснување секогаш треба да ни биде на прво место. На тоа ќе инсистирам и во иднина, затоа што тие се нашата иднина, нагласи градоначалникот. бд/