• петок, 30 август 2024

Шанса за Центар: Со еден советник бевме гласни, со три ќе грмиме

Шанса за Центар: Со еден советник бевме гласни, со три ќе грмиме
Скопје, 17 октомври 2021 (МИА) - Групата избирачи „Шанса за Центар“ објави дека според првичните резултати на нивниот аналитички центар, се наоѓаат на третото место по бројот на освоени гласови на изборите за членови на Советот на Општина Центар. - Им благодарам на нашите подржувачи и на нашите гласачи кои ја препознаа оваа шанса за поинаков Совет на Општина Центар и потврдија каде е најголемата моќ за подобри локални политики. Се потврдува нашата верба дека и мала група посветени, храбри и стручни индивидуалци можат да влијаат на иднината на урбаното живеење. Ветивме дека ќе останеме транспарентни и како што порачавме, со еден советник бевме гласни, со три ќе грмиме, изјави Јана Белчева-Андреевска.

Вети дека ќе креираат решенија за унапредување на квалитетот на живот во општина Центар. бак/сп/ 

Остани поврзан