• вторник, 24 декември 2024

„Шанса за Центар“ на средби со граѓани на Центар, Пролет и Маџир Маало

„Шанса за Центар“ на средби со граѓани на Центар, Пролет и Маџир Маало
Скопје, 29 септември 2021 

Попладнево прошетавме и разговаравме со сограѓаните од едни од најстарите населби во Центар, Пролет и Маџир Маало. Првата е едно од катчињата со најзачувано и богато зеленило во општината. Такви крошни на дрвата нема на многу места низ Центар, погледнете ги.

Во Пролетпред Уставен суд и Министерството за транспорт и врски да го укинат мораториумотсе донесе нов план со кој се спасија зелените површини кои се предвидуваше да станат паркинзи. Се овозможи простор за градинка, а наместо надградби се ограничи висината, но се вети поддршка за обнова на фасадите и покривите со што ќе се зголеми енергетската ефикасност.

Тие фасади, лифтови и кровови нема да дозволиме да останат заборавени ветувањата и ќе се бориме да се реализираатСвесни сме за демографските промена и зголемениот број деца кои имаат потреба од обновено детско игралиште. Содржини и за другите возрасти се неопходни, но се бараат и паркови за миленичињаМораме да обезбедиме квалитетни услови за развој на сите.

Планираната градинката и заштитата на зеленилото беа заложби за кои се изборија нашите луѓе од Шанса за Центар, Јана Белчева Андреевска и Дивна Пенчиќ во текот на својата работа во Советот и Комисијата за урбанизам на Општина Центар во текот на минатиот мандат.

„Шанса за Центар“ ќе се залага и за систематска грижа и дополнување на зеленилото во населбата и за конечно бришење на идејата улицата Крушевска Република да стане булевар зошто сметаме дека со неговата изградба би се уништила населбата како и значаен дел од Ново Маало.

Граѓаните во Маџир Маало се пожалија на поинакви проблеми. Планот кој е донесен во 2012 значително ги загрозува условите за живот на луѓето, но би овозможил брзи профити за лакомите инвеститори.

Министерството за транспорт и врски не успеа да ги види нарушувањата на јавниот интерес во тој план на Маџир Маало, иако нашите анализи покажаа дека блоковите кои се планирани ќе донесат вечен мрак и ниту едно зелено ливче за граѓаните. Никој во Маџир Маало не е среќен со градежната експанзија во делови од населбата каде не може да пристапат противпожарни возила или итна помошИнфраструктура која подржува такво градење нема, па ни струјата ни водата не е постојана, а улиците се постојано закрчени од автомобили.

Јавниот интерес не беше препознаен ниту од донесувачите на планот во 2012, ниту од властите во 2020. И по 10 години, сѐ уште моќниците диктираат како да се планира тој простор, а институциите не покажуваат моќ да го сменат тоа.

Една од клучните заложби на „Шанса за Центар“ е општината да се трансформира во вистински

Сервис на граѓаните која постојано и навремено ќе одговара на потребите на жителите за чии интереси и воопшто постои.

Имаме шанса заедно со сограѓаните да направиме промена.

Дај си Шанса за Центар! Гласај за број 83 ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан