Шалке испушти победа против Аугсбург и ја продолжи низата без триумф
- Во мечот од 11. коло на Германскиот фудбалски шампионат, Аугзбург и Шалке попладнево одиграа нерешено 2:2. Гостите од Гелзенкирхен имаа водство со 2:1 до самиот финиш, но примија гол во трета

Аугзбург, 13 декември 2020 (МИА) - Во мечот од 11. коло на Германскиот фудбалски шампионат, Аугзбург и Шалке попладнево одиграа нерешено 2:2. Гостите од Гелзенкирхен имаа водство со 2:1 до самиот финиш, но примија гол во третата минута од судиското надополнување и освоија само бод.
Така Шалке не успеа да ја оствари својата прва победа во Бундеслигата од јануари. На 17 јануари кога го совладаа тимот на Борусија Менхенгладбах (2:0).
Серијата на Шалке без пораз во елитната германска дивизија е 27 последователни натпревари. зс/