• вторник, 24 декември 2024

Шалке го загуби четвртиот натпревар по ред и влезе во серија од 10 средби без победа

Шалке го загуби четвртиот натпревар по ред и влезе во серија од 10 средби без победа
Гелзенкирхен, 30 мај 2020 (МИА) – Шалке попладнево загуби од Вердер Бремен со 0:1 во 29. коло од Германското фудбалско првенство и го запиша четвртиот пораз по ред. Клуб од Гелзенкирхен нема победа десет натпревари во низа. Последен пат Шалке победи на 4 февруари против Херта во Купот на Германија (3:2). Ако ги земеме во предвид само натпреварите во Бундеслигата, серијата без победи е 11 натпревари. Во моментов Шалке е на десеттото место во германскиот шампионат, со 37 бода од 29 одиграни натпревари. По денешниот пораз уште повеќе се „тресе“ тренерското столче на предводникот на Шалке, Девид Вагнер. зс/

Остани поврзан