• понеделник, 23 декември 2024

Шаленберг: Нема нормализација со Русија под Путин

Шаленберг: Нема нормализација со Русија под Путин
Кишињев, 2 април (Танјуг) – Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг не смета на можноста за нормализирање на односите со Русија под Владимир Путин и по завршувањето на војната во Украина. Шаленберг, кој беше во Кишињев со своите колеги од Чешка и Словачка, изјави дека руското раководство ќе мора да одговара, наведувајќи дека постои „силно сомневање дека се извршени воени злосторства“. - Едно е јасно, а тоа е дека луѓето кои ги извршиле тие злосторства ќе треба да одговараат, рече Шаленберг, одговарајќи на прашањето дали Путин е воен злосторник. јт/  

Остани поврзан