Шаленберг: Добри вести пристигнаа од Охрид
- Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг рече дека од Охрид пристигнале добри вести и оти е направен уште еден чекор на патот кон нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

Виена, 19 март 2023 (МИА) - Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг рече дека од Охрид пристигнале добри вести и оти е направен уште еден чекор на патот кон нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.
„Добри вести пристигнаа од Охрид во доцните часови. Косово и Србија направија уште еден чекор на патот кон нормализација на односите. Ова е клучно кога станува збор за интеграцијата во ЕУ“, напиша Шаленберг на Твитер.
Тој им се заблагодари на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и на претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак за нивните континуирани напори. паг/
Фото: ЕПА