• вторник, 24 декември 2024

Шаленберг: Австрија секогаш ја поддржувала интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Шаленберг: Австрија секогаш ја поддржувала интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Виена, 12 декември 2023 (МИА) - Во пресрет на средбата на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ во рамките на Европскиот совет, федералниот канцелар Карл Нехамер и министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг одговараа на прашања на пратениците од Главниот комитет за прашања на Европската унија на Националниот совет (Долен дом на парламентот), се вели во соопштението на парламентот.

За прашањето за проширувањето на ЕУ, австрискиот канцелар објасни дека од австриска гледна точка тоа претставува „мотор“ за реформи во соодветните земји.

-Австрија „секогаш“ ја поддржувала интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, рече Нехамер, додавајќи дека во знак на солидарност, на Украина и на Република Молдавија исто така треба да им се понуди перспектива за пристап, но тој беше категорично против „забрзана процедура“ за двете земји.

Дополнително, тој смета дека внатрешните реформи во ЕУ се неопходни, доколку Унијата сака да биде „погодна“ за проширување.

Сепак, Нехамер и Шаленберг се согласија дека генерално е подобро да се извезува просперитет и стабилност отколку да се увезува нестабилност, особено во земјите во непосредна близина. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан