• понеделник, 23 декември 2024

Шавкат Мирзиоев повторно избран за претседател на Узбекистан

Шавкат Мирзиоев повторно избран за претседател на Узбекистан

Ташкент, 10 јули 2023 (МИА) - Актуелниот претседател на Узбекистан Шавкат Мирзиоев победи на претседателските избори одржани во неделата, соопшти денеска тамошната изборна комисија.

Според првичните резултати, Мирзиоев добил 87,05 отсто од гласовите, додека одѕивот на гласачите бил околу 80 отсто.

Како што пренесуваат странските агенции, немаше дилема за победата на Мирзиоев на изборите, кој беше во трка со уште тројца кандидати, непознати за пошироката јавност.

Предвремените претседателски избори Мирзиоев ги распиша по референдумот за измена на Уставот одржан на 30 април.

Мирзиоев за првпат беше избран во 2016 година, а беше реизбран во 2021 година без вистинска конкуренција, како што тогаш посочија меѓународните набљудувачи.

Претседателот на Узбекистан (65), по професија земјоделски инженер, се претстави како реформатор кој може да ја води својата земја на патот на развојот и отворањето.

Уставната промена се однесува на времетраењето на претседателскиот мандат кој беше пет години, а сега е седум години.

Според новиот Устав, Мирзиоев ќе може да се кандидира за функцијата уште двапати, што теоретски би значело дека тој би можел да остане на власт до 2037 година. паг/

Фото: ЕПА



 
 

 

Остани поврзан