• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Чeститка од Гаши за реизборот на Мајк Џонсон за претседател на Претставничкиот дом на САД

Чeститка од Гаши за реизборот на Мајк Џонсон за претседател на Претставничкиот дом на САД

Скопје, 4 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши упатил честитка за реизборот на Мајк Џонсон за претседател на Претставничкиот дом на САД.

Како што се посочува во честитката на Гаши, неговото докажано лидерство е важно не само за американската демократија, туку и за продлабочување на соработката меѓу Собранието на Северна Македонија и Претставничкиот дом на САД.

- Убеден сум дека нашата соработка ќе се прошири во унапредување на демократските вредности, и затоа му посакувам успех во овој мандат, надевајќи се дека ќе продолжи да ја поддржува стабилноста и развојот на меѓународните односи, зацврстувајќи ги врските меѓу нашите две земји, истакнува Гаши во честитката до Џонсон. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан