• петок, 05 декември 2025

Чупиќ: Запишавме два бода, другото се заборава

Чупиќ: Запишавме два бода, другото се заборава

Скопје, 14.октомври 2025 (МИА) – Ракометарите на Вардар со победа од 34:29 ја започнаа новата сезона во европскиот куп – Лига Европа. „Црвено-црните“ стигнаа до посакуваниот триумф.

-  Благодарност до ривалот за фер и коректниот натпревар. Влеговме многу агресивно во натпреварот и добро трчавме транзиција, потоа во вториот дел на првото полувреме примивме многу брзи голови кога менувавме. Од 21:15 имавме осум минути во кои игравме тешко и бавно. Имавме проблеми со нивната „пет-еден“ зона, откако Сесвете се врати до 21:21, покажавме добра одбрана и со добар голман и се одлепивме. Запишуваме два бода и сè друго се заборава, изјави тренерот на Вардар Иван Чупиќ.

Во следното коло на 21.октомври (вторник) Вардар гостува кај француската екипа Тулуз. мн/

Фото:

Остани поврзан