• вторник, 24 декември 2024

Чулев: ОВР Струмица ги истражува донациите и дали лицата кои ги делеле ги почитувале мерките за Ковид-19

Чулев: ОВР Струмица ги истражува донациите и дали лицата кои ги делеле ги почитувале мерките за Ковид-19
Скопје, 24 мај 2020 (МИА) - Како редовно постапување на полициските службеници во вакви случаи го оцени министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, постапувањето во врска со видео материјалите објавени на социјалните медиумите за делењето пакети со донации во Струмица.  Чулев на својот Фејсбук профил напиша дека доколку постојат елементи на сторени кривични дела истите ќе бидат процесирани до Основното јавно обвинителство. Од страна на ОЈО Струмица, додава тој во постот, дадени се насоки за преземење на активности со цел идентификација на лицата, но и утврдување на потеклото на донацијата, критериумите за делење, начинот, но и, како што напиша дали се побарани одредени противуслуги од лицата кои се приматели на донацијата.
СВР Струмица, напиша министерот, презема мерки за соодветно санкционирање на лицата во видеото, кај кои е забележано дека не ги почитуваат одлуките на Владата за употреба на заштитна опрема, држење дистанца и групирање. ац/

Остани поврзан