• четврток, 26 декември 2024

„Чувства и движење“ - изложба на Владимир Илиевски

„Чувства и движење“ - изложба на Владимир Илиевски
Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - Во Галеријата „Ко-Ра“ вечерва ќе биде отворена изложбата „Чувства и движење“ на ликовниот уметник Владимир Илиевски. На изложбата ќе бидат претставени досега неизложени слики, цртежи со јаглен настанати во изминатите неколку години. Владимир Илиевски е роден во 1989 година во Скопје. Во 2012 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2022 година реализирал петнаесет самостојни изложби во: Скопје, Битола, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Р. Бугарија) и Нови Сад (Р. Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, во Скопје и во Струмица. Учествувал на десетина ликовни колонии во: Охрид, Струга, Струмица, Велес, БиХ, Р.Бугарија, Р. Србија. Добитник е на седум национални награди. Од 2012 година член е на ДЛУМ, а од 2022 член е и на ДЛУБ.фф/мд/

Остани поврзан