• среда, 20 ноември 2024

Чувари обвинуваат за расизам во затворот каде што се наоѓа полицаецот обвинет за убиство на Џорџ Флојд

Чувари обвинуваат за расизам во затворот каде што се наоѓа полицаецот обвинет за убиство на Џорџ Флојд
Минеаполис, 23 јуни 2020 (МИА) - Осум чувари од затворот во американската сојузна држава Минесота, каде што се наоѓа Дерек Човин, полицаецот кој е обвинет за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, тврдат дека биле изложени на расна дискриминација по пристигнувањето на Човин во институцијата. Во пријавата што ја поднеле до властите во Минесота, овие чувари, кои се членови на не-бела популација, тврдат дека им било наредено да се пријават да работат на третиот кат од затворот и дека, откако го сториле тоа, сфатиле дека таму нема белци меѓу вработените, и оти тоа било направено со намера тие да не бидат на петтиот кат, каде што требаше да се смести Човин. Главниот управник на затворот брзо време потоа ја сменил одлуката, но, според Си-Ен-Ен, сите осуммина велат дека првичниот налог го сметаат за дискриминација врз основа на бојата на кожата и оти се длабоко понижени од ваква „наредба за сегрегација“. јт/

Остани поврзан