• вторник, 24 декември 2024

Читаме сликовница со првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, мастер-клас на Николина Манојловиќ-Врачар на „Литера“

Читаме сликовница со првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, мастер-клас на Николина Манојловиќ-Врачар на „Литера“

Скопје, 26 мај 2023 (МИА) - На четвртиот ден на Фестивалот за литература и илустрација за деца Литера 2023, гостинка денеска ќе биде Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски. Таа во 13 часот во Музејот на град Скопје ќе се дружи со најмладата публика, со дечињата гости на фестивалот на кои ќе им чита сликовница.

Како што информираат од фестивалот, во истиот термин од 13 часот мастерклас кој е од отворен тип ќе одржи илустраторката Николина Манојловиќ-Врачар. Таа ќе сподели дел од своето професионално искуство, а во 17 часот, ќе ја одржи и својата работилница насловена „Што сè“.

Илустраторот од Хрватска, Доминик Вуковиќ претходно во 10.30 часот, ќе ја заокружи својата работилница за илустрација, што започна вчера.

Напладне следи дружба со илустраторката Иванка НиБа, која ќе се осврне на темата „Сите сме кул на свој начин (да ги прифатиме различностите)“.

Во 18 часот ќе следува промоција на сликовници на две домашни авторки. Публиката ќе може да се сретне со Јулијана Величковска, авторката на сликовницата „Ведра“ (ПНВ Публикации) и со Бистра Георгиева, авторка на неколку сликовници од серијалот „Стела и Сани“, во издание на ТРИ.

Фестивалот го поддржува Министерството за култура, и повеќе компании. вг/

 

Фото: Литера

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан