• среда, 25 декември 2024

Чистење на улиците низ Велес по синоќешната „Питијада 2022“

Чистење на улиците низ Велес по синоќешната „Питијада 2022“

Велес,10 октомври 2022 (МИА) - Вработените од „Комунална хигиена“ на велешки ЈКП „Дервен“ денеска подигнаа и однесоа повеќе полни контејнери со секаков вид на комунален смет на Градската депонија по синоќешната „Велешка Питијада 2022“.

Од ЈКП „Дервен“ посочуваат за МИА дека, освен од корпите и контејнерите, секаков вид на смет бил расфрлан долж главните улиците и тротоари на Велес. Најмногу на локации каде што се продаваа и јадеа  пити и пиеше вино.
 

Вработените од „Комунална хигиена“ денеска напорно работеа да ги вратат велешките улици и тротоари во чиста состојба.

Воедно, тие јавно им се заблагодаруваат на совесните посетители, но и апелираат до несовесните догодина да се воздржат од фрлање смет на улица или тротоар.

Тие се надеваат дека следната година ќе биде доекипирана екипата на општинските  комунални редари, а со законски измени, за несовесните посетители и граѓаните, кои фрлаат комунален смет на улици и тротоари, дирекно ќе можат да им изрекуваат и  парични казни.ад/ир

Остани поврзан