• понеделник, 23 декември 2024

Чиле и се придружи на Јужна Африка во тужбата против Израел

Чиле и се придружи на Јужна Африка во тужбата против Израел

Сантијаго, 2 јуни 2024 (МИА) - Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ вчера најави дека неговата земја ќе се приклучи кон тужбата поднесена од Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МКС) во рамките на Конвенцијата на ОН за геноцид, јави агенцијата ЕФЕ.

Бориќ кажа дека „е неопходна цврста реакција на меѓународната заедница“ за да се запре Израел „во масакрот во Палестина“.

-Затоа решив Чиле да стане странка и да го поддржи случајот што Јужна Африка го покрена против Израел пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кажа тој.

Претходно Чиле испрати хуманитарна помош за Палестина, го отповика својот амбасадор во Израел и заедно со Мексико испрати писмо до Меѓународниот кривичен суд во врска со ситуацијата во Палестина.

-Никогаш нема да престанеме да бидеме огорчени од неселективните и крајно непропорционални дејствија на Израел против невините цивили, особено палестинските жени и деца, рече претседателот на оваа јужноамериканска земја.

„Веќе се убиени повеќе од 35.000 лица, хуманитарната ситуација во земјата е катастрофална, а инфраструктурата во Газа е уништена“, додаде Бориќ, чилеански претседател со хрватско потекло.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан