• недела, 22 декември 2024

Чешкиот парламент го одобри членството на Финска и Шведска во НАТО

Чешкиот парламент го одобри членството на Финска и Шведска во НАТО
Прага, 27 август 2022 (МИА) - Двата дома на чешкиот Парламент го одобрија членството на Финска и Шведска во НАТО. Претставничкиот дом речиси едногласно го прифати приемот на двете северни држави, на ноќната седница која заврши утрово. Сенатот гласаше „за“ претходно овој месец. Последниот чекор од ратификацијата во Чешка е потписот на претседателот Милош Земан. Со децении Финска и Шведска одбиваа да бараат членство во НАТО алијансата. Сепак, руската инвазија на Украина го промени тоа бидејќи огромното мнозинство луѓе во двете земји сметаат дека членството е клучно за нивната безбедност. Сите 30 земји-членки на НАТО треба да го ратификуваат предложеното проширување. Досега, вклучително и Чешка, зелено светло дадоа 24 земји. паг/
   

Остани поврзан