• сабота, 23 ноември 2024

Чешка планира да организира вонреден самит на ЕУ поради цените на струјата и на гас

Чешка планира да организира вонреден самит на ЕУ поради цените на струјата и на гас
Прага, 24 август 2022 (МИА) - Претседавачот со Европска Унија, Чешка планира да организира вонреден самит на ЕУ, изјави денеска чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела. - Пазарот е надвор од контрола, флуктуациите на пазарните цени престануваат да реагираат на добри вести и се акумулираат само лоши вести, а тоа ги турка цените нагоре. Ова е проблем за цела Европа и секако ако имате европски пазар и европски проблем, тогаш наједноставното решение се бара на европско ниво, истакна Сикела. Тој додаде дека зголемување на цената на електричната енергија за 20 отсто пред два дена е ургентна тема. - Мислам дека проблемот со драматичното поскапување за 20 отсто завчера е итен. Треба да видиме дали поскапувањето ќе продолжи. Ако е така, навистина е итно, истакна Сикела. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан