• сабота, 05 октомври 2024

Чеферин до Англичаните: А, да го укинете Лига купот?

Чеферин до Англичаните: А, да го укинете Лига купот?
Нион, 5 март 2020 (МИА) - Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин ја повика Фудбалската асоцијација на Англија да го укине Лига Купот, второ квалитативно натпреварување на Островот, чиј актуелен освојувач е Манчестер Сити. Тоа, како што рече во разговор за „Тајмс“, би било најдобра одлука во време на се позгуснат распоред на клубовите. - Лига купот е укинат во Франција. Остана само Англија. Мислам дека сите знаат оти би било најдобро тоа натпреварување да не се игра повеќе, рече Чеферин. Лига Купот во Англија се игра од сезоната 1960/61 и повремено се јавуваа предлози за негово укинување. сѓд/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан