• сабота, 23 ноември 2024

Четири члена од семејство на индиски милијардер ќе одат во затвор во Швајцарија поради експлоатација на работници

Четири члена од семејство на индиски милијардер ќе одат во затвор во Швајцарија поради експлоатација на работници

Женева, 22 јуни 2024 (МИА) - Милијардерот од Индија по име Пракаш Хиндуџа и тројца членови на неговото семејство денеска беа осудени на затворски казни во Швајцарија поради експлоатација на индиски работници во нивната вила во таа земја, така што им го одземале пасошите, им забранувале да излегуваат надвор и ги принудувале да работат и до 18 часа дневно.

Пракаш Хидуџа (79), неговата сопруга Камал (75), синот Ајај и неговата сопруга Намрата се осудени на затвор од четири до четири и пол години. Петтообвинетиот, семејниот менаџер Наџиб Зијази, е осуден на 18 месеци затвор.

Судот одлучи дека четворицата се виновни за експлоатацијата и незаконското вработување на работниците, речиси целосното одбивање на здравственото осигурување на работниците и исплата на плати кои не достигнуваат ни десетина од платата што се исплаќа во Швајцарија за таквите работни места.

Според обвинителите, работниците опишале „атмосфера на страв“ која Камал Хиндуџа ја правел. Тие биле принудени да работат со многу малку или без време за одмор, а во моментот на прием работеле до доцна во ноќта. Тие спиеле во подрумот на вилата, лоцирана покрај езерото, и тоа не задолжително на кревети, туку на душеци на подот.

Швајцарскиот суд не ги прогласи обвинетите за одговорни за некои од посериозните точки од обвинението, како што е шверцот на луѓе, бидејќи, како што беше речено во судот, работниците знаеле во што се впуштаат - барем делумно.

Тоа се главно неписмени Индијци кои не биле платени во швајцарски франци, туку во индиски рупии, а овие средства им биле исплаќани во банките во Индија до кои немале пристап. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан