• понеделник, 23 декември 2024

Четири ЦЕФТА договори чекаат да бидат усвоени

Четири ЦЕФТА договори чекаат да бидат усвоени
Скопје, 3 ноември 2022 Берлин, 3 Ноември 2022. – Директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, во Берлин ги претстави клучните достигнувања, давајќи фокус на мерките кои обезбедуваат директни придобивки за граѓаните и бизнисите. Во своето обраќање на Самитот за Западен Балкан под покровителство на Берлинскиот процес, тој им честиташе на лидерите на земјите од Западен Балкан и на Советот за регионална соработка за потпишувањето на три договори за мобилност, но повика и на забрзување на процесот на усвојување на договорите постигнати во рамките на ЦЕФТА . „ЦЕФТА ја постави имплементацијата на Заедничкиот регионален пазар како апсолутен приоритет. До сега ги комплетиравме четирите нови одлуки на Заедничкиот комитет кои чекаат да бидат усвоени“, изјави Џикиќ, набројувајќи ги големиот број одлуки кои се целосно усогласени или се многу блиску до завршување на усогласувањето, но им недостига најважниот чекор - усвојување од Заедничкиот комитет: · Одлуката за олеснување на е-трговијата ќе ги поддржи малите и средни бизниси кои се занимаваат со интернет продажба, поедноставувајќи ги законите и регулативите за продажба на пазарот на ЦЕФТА. · Одлука за услуги за достава на пакети помеѓу членовите и Одлука за спречување на неоправдано геоблокирање, со што би се обезбедило исто ниво на заштита на потрошувачите, транспарентност на цените и елиминирање на неоправданите практики на геоблокирање за милиони луѓе кои купуваат онлајн. · Одлука за признавање на програмата AEOS, која ќе им овозможи на докажаните ЦЕФТА компании да извезуваат по поедноставени царински процедури. Експертите од ЦЕФТА страните се блиску до завршување на преговорите за шест дополнителни договори со што ќе се исполнат ветувањата на лидерите на Западен Балкан од 2020 година - признавање сертификати, дозволи и лиценци за инженери, туристички агенции, тур-оператори, производители и трговци со мед. Џикиќ потсети на успехот од проширувањето на Зелените коридори со Грција и Сините коридори со Италија, нешто кое не би било можно без партнерството на ЦЕФТА со Транспортната заедница и поддршката на СРС и Европската комисија. „Среќни сме што го пробивме мразот и што сè повеќе земји-членки на ЕУ изразуваат интерес за приклучување“, рече директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА и додаде: „Зелените коридори се важен потсетник дека регионот може да понуди иновативни решенија кои можат да се проширират и во рамки на ЕУ“. Џикиќ им честиташе на лидерите на Западен Балкан и на Советот за регионална соработка за потпишувањето на договорот за мобилност и ја најави овогодинешната конференција на ЦЕФТА Week, која ќе се одржи во Брисел на 9 декември, кога ЦЕФТА традиционално го разгледува актуелното претседателство (Молдавија) и ја претставува земјата која ќе претседава со ЦЕФТА- следната година (Црна Гора). ЦЕФТА е договор за слободна трговија, потпишан во 2006 година, кој опфаќа шест земји од Западен Балкан и Молдавија. Заедничкиот комитет е раководно тело на ЦЕФТА, формирано со Договорот и е составен од претставници на сите членки. Секретаријатот на ЦЕФТА е тело формирано со Договорот за поддршка на Заедничкиот комитет во спроведувањето на агендата на ЦЕФТА. Повеќе на: https://cefta.int/structures/. Акциониот план за заеднички регионален пазар 2021-2024 година е стратешка рамка за економска интеграција на Западен Балкан, поддржана од лидерите во 2020 година, под покровителство на Берлинскиот процес. ЦЕФТА има задача да испорача мерки кои овозможуваат слободно движење на стоки и услуги во согласност со ЕУ и меѓусебните мерки. Целосното спроведување на економската интеграција во регионот може да донесе дополнителен раст на БДП до 6,7%. ЦЕФТА ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан