• сабота, 21 декември 2024

Четири нови обвиненија против соборената премиерка на Мјанмар

Четири нови обвиненија против соборената премиерка на Мјанмар
Мандалеј, 12 јули 2021 (МИА) - Соборената премиерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи се соочува со четири нови тужби поднесени во судот во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, потврди денеска нејзиниот адвокатски тим. Адвокатите на премиерката Су Чи, која беше соборена во воениот пуч во февруари, немаат доволно информации за новите тужби, но знаат дека меѓу нив има и обвинение за наводна корупција. Судската постапка против неа се води во главниот град Нејпидо, но исто така поднесени се тужби и во судот во Јангон за наводни прекршувања на законот за државни тајни. паг/  

Остани поврзан