• вторник, 31 март 2026

Четири медали за македонските каратисти на „Златен појас“ во Чачак

Четири медали за македонските каратисти на „Златен појас“ во Чачак

Чачак, 30 март 2026 (МИА) – На Меѓународниот карате турнир „Златен појас“ одржан викендот во Чачак, Србија, настапија и 15 македонски каратисти. Тие освоија четири медали. 

Андреј Стојчевски во категоријата -60 кг освои сребрен медал, додека членовите на Макпетрол, Петар заборски (-75 кг), Викторија Јовановска (-68 кг) и Јована Мицовска (-61 кг) с езакитија со бронзени медали.

На турнирот во Чачак, Србија настапија каратисти од 22 земји од Европа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан