• среда, 16 октомври 2024

Четири лица повредени во сообраќајка после мостот „Гоце Делчев“

Четири лица повредени во сообраќајка после мостот „Гоце Делчев“

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вечерва кај мостот „Гоце Делчев“. Во несреќата едно од возилата се превртело и запалило. 

- На 15.10.2024 околу 20:55 часот е пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ на кракот со улица „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило „бмв” со скопски регистарски таблички. Возилото “шкода” се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички Центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Сообраќајот беше пренасочен кратко време, а сега се одвива во една коловозна лента, информираше вечерва Министерството за внатрешни работи. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан