Четири лица, меѓу нив и затворски службеник повредени од остар предмет во физичка пресметка во затворот К’шање
- Четири лица, меѓу нив и еден вработен од кумановскиот затвор се повредени од остар предмет во физичка пресметка која се случила вчера во затворот К’шање, соопшти денеска СВР Куманово.

Куманово, 12 јули 2021 (МИА) - Четири лица, меѓу нив и еден вработен од кумановскиот затвор се повредени од остар предмет во физичка пресметка која се случила вчера во затворот К’шање, соопшти денеска СВР Куманово.
- Вчера во 14:35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во затвор во К’шање настанала физичка пресметка помеѓу осум лица, од кои четири се повредени со остар предмет, меѓу кои и еден затворски службеник, информира СВР Куманово.
На повредените им е укажана лекарска помош, а кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот. ам/фф/