• сабота, 27 јули 2024

Четири лица загинаа при пад на хеликоптер во езеро на Аљаска

Четири лица загинаа при пад на хеликоптер во езеро на Аљаска

Џуно, 22 јули 2023 (МИА) - Четири лица загинаа кога хеликоптер се урна во езеро во регионот Северен Слоуп, во американската сојузна држава Алјаска, соопштија официјални лица.

Во несреќата нема преживеани, а загинаа пилотот и тројца вработени во Одделот за геолошко-геофизички истражувања кои работеле на терен, соопштија властите.

Според општински претставник, хеликоптерот „Бел 206“ во четвртокот доцна вечерта по локално време бил пријавен за исчезнат, по што тимот за пребарување и спасување пронашол остатоци што одговараат на описот на исчезнатиот хеликоптер, но не било пронајдено тело.

-Хеликоптерот тргнал од најсеверниот град Уткијагвик на Алјаска и требаше да се врати таму, изјави Клинт Џонсон, регионален шеф на Националниот одбор за безбедност на транспортот на Алјаска.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан