• среда, 28 август 2024

Четири клуба од Премиер лигата претендираат на Лалана

Четири клуба од Премиер лигата претендираат на Лалана
Лондон, 20 јули 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Адам Лалана, е близу до трансфер во друг клуб, пренесува „Сан“. Според британскиот весник, за 32-годишниот Англичанец се заинтересирани Евертон, Брајтон, Барнли и Лестер. Фудбалерот ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната. Оваа сезона Лалана одигра 22 натпревари на сите натпреварувања, постигна еден гол и оствари една асистенција. зс/

Остани поврзан