• вторник, 27 август 2024

Четири индустриски магацини изгореа во пожар во Шпанија, нема повредени

Четири индустриски магацини изгореа во пожар во Шпанија, нема повредени

Мадрид, 19 јули 2024 (МИА) - Четири индустриски магацини изгореа рано утринава во пожар во источна Шпанија, кој сега е ставен под контрола. Нема повредени, соопшти локалната противпожарна служба.

Службата на платформата Х соопшти дека пожарот бил пријавен во четири часот по полноќ по локално време, во општина Полиња.

Во гаснењето на пожарот учествувале 57 пожарникари со 35 возила. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан