Четири домашни растенија благопријатни против несоницата
- Главната предност на алоето е тоа што е лесно за одгледување и одржување. Покрај тоа што е незаменлива состојка во производите за нега на кожа, тој е и одличен избор за во Вашиот дом, затоа ш

Скопје, 15 февруари 2022 (МИА) - За луѓето што почесто ги мачи несоница, постојат домашни украсни растенија кои делуваат смирувачки и коишто треба да се имаат в соба заради поудобна и поблагопријатна атмосфера за спиење.
Алое вера
Главната предност на алоето е тоа што е лесно за одгледување и одржување. Покрај тоа што е незаменлива состојка во производите за нега на кожа, тој е и одличен избор за во Вашиот дом, затоа што ослободува повеќе кислород во текот на ноќта, што пак, го прочистува воздухот во просторијата за спиење и во домот воопшто.
Сабјица (Dracaena trifasciata, во нашето подрачје позната и како „свекрвин јазик“)
И ова растение, по потекло од Африка, не е тешко за одржување. Во текот на летото пожелно е да се полева 2-3 пати месечно, а при постудено време наводнувањето речиси непотребно. Одличен прочистувач на воздухот, а се верува и дека носи среќа.
[caption id="attachment_449207" align="alignright" width="275"]
Лаванда[/caption]
Лаванда
Едно истражувањето докажа дека мирисот на лаванда ги прави бебињата помалку раздразливи и им помага побрзо да заспијат. Покрај како украсно растение, може да се користи и масло од лаванда.
Зелен крин
И ова растение лесно се одгледува и одржува бидејќи успева во различни услови. Зелениот крин е еден од најдобрите природни прочистувачи на воздухот, а се одликува и со солидни антибактериски својства. си/ссм/
