• петок, 06 декември 2024

Четириесет и пет лица загинаа како последица на обилните дождови во Јемен

Четириесет и пет лица загинаа како последица на обилните дождови во Јемен

Сана, 7 август 2024 (МИА) - Четириесет и пет луѓе загинаа во Јемен во последниве денови во поплавите предизвикани од обилните дождови, врз основа на бројките објавени денеска од агенција на ОН и локален официјален претставник, пренесе БТА.

Обилните дождови и поплавите на 2 август во Макбана, во југозападната провинција Талц, исто така погодија околу 10.000 луѓе, соопшти Канцеларијата за хуманитарни прашања на Обединетите нации на „X“.

Од своја страна, Мохамед Кахим, гувернерот на јеменската област Ходеида, контролирана од бунтовниците Хути, пријави 30 мртви и пет лица кои се водат за исчезнати.

Тој додаде дека има уништени домови, а повеќе од седум автомобили биле однесени од водата. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан