• сабота, 23 ноември 2024

Функционален системот за наплата на патарина со еден „таг“ во Северна Македонија и Србија

Функционален системот за наплата на патарина со еден „таг“ во Северна Македонија и Србија

Скопје, 29 јуни 2023 (МИА) - Системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија ги помина успешно сите тестирања, подготвен е за употреба и е функционален, информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Проектот беше најавен во септември 2021 година  во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, а стартен датум за примена е 1 јули годинава.

Ќе функционира на начин што наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини и во Северна Македонија и во Србија.

-Реализацијата на проектот Отворен Балкан е во завршна фаза, се врши тестирање и проверка на системот, во реално време и со реални податоци. Системот ги помина успешно тестирањата, спремен е за употреба и е функционален. Изминатиов период се правеше подготовка на интеграција на системите за наплата на патарина на Република Северна Македонија и Република Србија. Исто така, се вршеше подготовка и изработка на безбеден и ефикасен начин за реализација на трансакциите во двете земји. Во интеграцијата на системот е ангажиран кадар што и досега работеше на воспоставување на електронската наплата, објаснуваат од ЈПДП.

ТАГ-от (микробранов транспондер) треба да се регистрира (преконфигурира) на веб пoрталот openbalkan-etc.com

 

 

Од ЈПДП истакнуваат дека со примената на т.н „еден таг“ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се намали метежот на автопатиштата.

-Очекуваме овој начин на плаќање на патарина да го растовари и протокот на возила на наплатните рампи, да се намали емисијата на штетни гасови од моторните возила,  а предност за граѓаните е што во таканаречениот шпиц во сезоната нема да чекаат во редици, а ова, пак, значи дека побрзо ќе стигаат до одредената дестинација, велат од ЈПДП.

По официјализрањето на иницијативата за заедничка наплата на патарини од која треба да биде дел и Албанија, на 31 март годинава министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, потпишаа меморандум за соработка за интероперабилниот електронски систем за наплата на патната такса, како дел од процесот Отворен Балкан.

-Освен што се овозможува граѓаните на двете држави да можат да плаќаат патарина преку електронскиот систем користејќи иста електронска картичка или електронски таг во двете земји  се создава услови за зајакнување на соработката во областа на патниот сообраќај, развој и модернизација на транспортниот систем, подобрување на меѓусебната поврзаност, како и дополнително укинување на административните бариери заради слободно движење на патниците, информираа од Министерството за транспорт и врски по потпишувањето на меморандумот.

Од наплата на патарини за пет месеци инкасирани 21,495 милиони евра

На патарините во државава од почетокот на годинава заклучно со 31-ви мај од наплата на патарина остварен е вкупен промет од 1.321.951.952, денари (една милијарда триста дваесет и еден милион деветстoтини педесет и една илјада деветстoтини и два денари) или 21.495.154, евра (дваесет и еден милион четиристотини деведесет и пет илјади сто педесет и четири).

Конзорциумот „ЈВ Аселсан-Жикол“ е избран за најповолен понудувач на тендерот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за спроведување на проектот за изградба и инсталација на електро

Остварен е зголемен промет во однос на истиот период во 2022 (за првите пет месеци) во висина од 248.009.407, денари повеќе, или изразено во евра 4.032.673 поголем промет што претставува зголемување од над 23 проценти.

Електронската наплата во вкупно остварениот промет од наплата на патарина учествува со удел помеѓу 30 проценти до 33 проценти.

-Електронската наплата има константно зголемување во остварениот промет, со тенденција, учеството во вкупниот промет да се зголемува и во следниот период, посебно во текот на летната сезона, посочуваат од ЈПДП. 

Последните анализи заклучно со 2022 година покажуваат дека најчест начин на плаќање патарина во државава е се уште во готовина со нешто над 55 проценти од плаќањата, покрај кои на електронската наплата отпаѓаат 30 проценти, а на безготовинско плаќање со користење платежни картички 15  проценти. 

Електронски систем за наплата на патарини во државава е воведен од јули 2019 година на седум наплатни станици на Коридор 10, а во тек е модернизација со поставување таков систем на наплатните станици Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар на Коридорот 8. 

 На наплатните станици во државава лани беше остварен промет во износ од 53.242.070 евра, за 6,6 милиони евра повеќе во однос на тие во 2021 година кога изнесуваа 46,4 милиони евра.

Лидија Велковска

фото: МИА архива, ЈПДП  

 

 

 

Остани поврзан