• среда, 25 декември 2024

Четвртина Германци не знаат кој ја напишал „Ода на радоста“

Четвртина Германци не знаат кој ја напишал „Ода на радоста“
Бон, 13 јануари 2020 (МИА) - Дури 25 отсто од Германците не знаат дека композицијата „Ода на радоста“ е напишана од прочуениот германски композиотор Лудвиг ван Бетовен. Според анкета на Ју-гов, 95 отсто од германските испитаници, постари од 18 години, знаат кој е Бетовен, но некои од нив не го поврзуваат неговото име со најпознатото негово дело. Покрај тоа, 68 отсто од луѓето сметаат дека класиката како музички жанр го има загубено своето значење, иако некои сметаат дека таа сè уште има важна улога во современото општество. „Ода на радоста“, првично била напишана како поема од Фридрих Шилер, која подоцна Бетовен ја прилагодил како составен дел од Деветтата симфонија. си/

Остани поврзан