• среда, 31 јули 2024

Четворица македонски мечувалци подготвени за СП во Египет

Четворица македонски мечувалци подготвени за СП во Египет
Скопје, 2 април, 2021 (МИА) – Египетската престолнина Каиро од утре ќе биде домаќин на Светското првенство во мечување во кадетска и јуниорска конкуренција, на кое ќе настапи четиричлена македонска селекција во состав Петар Србиноски, Јован Величкоски, Никола Николовски и Матеј Александровски. Македонскиот состав, кој вчера пред заминувањето за Египет беше примен од директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, вредно тренираше изминатата година за настап на Мундијалот и покрај сите неприлики и тешки услови предизвикани од светската пандемија. Светското првенство во мечување во кадетска и јуниорска конкуренција ќе трае до 11 април.ег/ки/

Остани поврзан