• понеделник, 23 декември 2024

Четворица загинати во експлозија во фабрика за муниција во Романија

Четворица загинати во експлозија во фабрика за муниција во Романија
Букурешт, 18 ноември 2021 (МИА) -  Четири лица загинаа, а четири се здобија со повреди денеска, кога  експлодираше мина во фабрика за муниција во Романија, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на информации од службите за итни случаи. Мината експлодирала додека некои работници работеле на нејзино деактивирање, пренесува ДПА. Фабриката во Бабени, јужна Романија, произведува различни видови муниција во име на романското Министерство за одбрана. ссм/

Остани поврзан